Поврзете се со нас

Италија

Рома договори засилување од 23 милиони евра, Де Роси отпиша еден играч (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Калчолигашот Рома полека се активира на трансфер пазарот и како што стојат работите веќе го обезбеди првото летно засилување.

Клубот од Рим се одлучи да вложи 23 милиони евра за да го добие потписот на поранешниот младински репрезентативец на Франција, Енцо Ле Фе,

Ле Фе е играч од средината на теренот кој досега ги бранеше боите на Рен. Енцо по само еден година си заминува од Рен и тоа по 35 одиграни натпревари на кои забележа 5 асистенции во сите конкуренции.

Кога е во прашање „волчицата“ еден играч е отпишан од тренерот Де Роси и може да си бара нов клуб-тоа е Рик Карсдорп.Тој веќе е во последната година од актуелниот договор и мора да си бара нова средина затоа што клубот му порачал дека нема да тренира заедно со групата, ќе работи поединечно што во случајот значи дека е вишок на „Олимпико“ во овој момент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни