Поврзете се со нас

Италија

Рома договори напаѓач од Реал Мадрид

Објавено

на

Италијанскиот прволигаш Рома е на добар пат да ја засили офанзивната линија со напаѓачот на Реал Мадрид, Борха Мајорал.

Тој прво ќе го продолжи договорот со „кралевите“, па ќе замине на двегодишена позајмица во „волчицата“ која пак ќе има опција потоа да го направи перманентен овој трансфер. Според информациите Мајорал веќе утре треба да допатува во Рим и да ги заврши медицинските прегледи.

Информациите говорат дека Рома ќе може да го откупи неговиот договор во 2021 година за 15 милиони евра, додека пак ако се одлучи тоа да го направи во 2022 ќе мора да плати 18-19 милиони евра.

Борха минативе две сезони ги мина на позајмица во Леванте каде играше со нашиот Енис Барди. Мината кампања ја заврши со 9 погодоци на 36 натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни