Поврзете се со нас

Италија

Рома дава зелено светло за продажба, Дибала прави изненадувачки трансфер

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Пауло Дибала ги одработи подготовките со Рома и се чинеше дека ќе биде важен дел од проектот на Даниеле Де Роси, не непосредно пред стартот на новата сезона, „волчицата“ дава зелено светло за продажба на Аргентинецот.

Иако на стартот на летото беше одбиена понуда од 20 милиони евра која пристига од Саудиска Арабија, Рома во наредните неколку часа чека нова која ќе ги задоволи нејзините барања, откако агентот на Дибала веќе се договорил со Ал Кадсијах.

Угледните италијански новинари информираат дека преговорите се во напредна фаза и малку веројатно е да се изјалови операцијата, според која Дибала ќе направи еден неочекуван и изненадувачки трансфер во своите најдобри играчки години.

Новинарот Џанлука Ди Марцио тврди дека е најупатен во оваа зделка и информира дека Рома дала зелено светло за продажба на офанзивниот фудбалер, за кого интересно Франческо Тоти даде доста сурова изјава пред неколку месеци.

Тогаш Тоти ја советуваше Рома да го продаде фудбалерот кој повеќе е повреден, отколку што игра на теренот, па како што стојат работите, неговата желба ќе се исполни на неколку дена пред почетокот на новата сезона во Калчо лигата.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни