Поврзете се со нас

Италија

Рома ангажираше турски бек од француското првенство

Објавено

на

Рома денеска го потврди трансферот на Мехмет Зеки Челик, фудбалер кој доаѓа од редовите на Лил.

Новиот десен бек на „волчицата“ ќе го чини клубот 7 милиони евра, а Лил ќе очекува 15 проценти од следниот трансфер на 25-годишниот фудбалер.

Челик не е прво засилување на Рома летово, но е прв фудбалер кој не е слободен агент.

Турскиот интернационалец зад себе има успешни настапи во редовите на Лил и со овој клуб ја освои титулата пред две сезони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни