Поврзете се со нас

Италија

Роки призна дека Милан добил мала помош: Тоа е единствена грешка од изминатиот викенд

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Легнедарниот Џанлука Роки е одреден за делегирање на судиите во Серија А по завршувањето на својата извонредна кариера, а како човек кој дава одговори после секоја спорна ситуација во италијанската елита, сега призна дека изминатиов викенд била направена една грешка.

Милан на драматичен начин го победи Емполи во меч на кој беа видени три гола во судиското продолжение, но од сите три, ниту еден не беше спорен.

Фановите на Емполи се жалеа за водечкиот гол на Милан кој дојде по еден аут, кој според нив бил треба да биде одново изведен и да се врати акцијата поради потегот на Тонали.

Играчот за врска на Милан го изведе аутот 10 метри понапред од местото кадешто излезе топката, па сега Роки признава дека со тоа било направена мала грешка.

– Мора да потенцирам дека треба да обрнеме внимание и на такви детали. Аутот на Емполи Милан е мала грешка во извонредниот викенд кој го имавме. Судиите беа фантастични, со исклучок на инцидентот во Емоли, се беше совршено. Уверен сум дека сите одиме во вистински правец, – порачува Роки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни