Поврзете се со нас

Шпанија

Роке: Совеста ми е чиста, мислев дека ќе биде поинаку во Барселона

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Витор Роке мина четири месеци во првиот тим на Барселона и не успеа да се наметне кај тренерот Чави Ернандес, за потоа да биде посочен како прекуброен од Ханси Флик по пристигнувањето на Германецот во каталонскиот великан.

На тој начин, големото зимско засилување на Барселона се најде во незавидна ситуација и до последно не се знаеше каде ќе ја продолжи кариерата, но во финишот од преодниот рок договори трансфер во Бетис и сега повторно ќе го гледаме во шпанската елита.

Младиот Бразилец се очекува да добие вистинска шанса во Андалузија и ќе има прилика да ги презентира сите квалитети кои ги поседува, нешто за кое не успеа да се избори како првотимец на Барса.

– Изминатиот период беше навистина тежок за мене. Добив неколку шанси во Барселона, но не беше на начин на кој очекував. Мене совеста ми е чиста, сега можам само да се концентрирам на Бетис и да му се заблагодарам на Бог што повторно го облеков дресот на Бразил, – изјави Роке кој се врати во младинската селекција на „кариоките“.

– Цел мој краток престој во Барселона беше генерално тежок. Мислев дека ќе ми биде поинаку во Барселона, тука мислам на третманот кој го добив, но и за начинот на игра. Сепак, се случи тоа што се случи. Тоа е сега зад мене и среќен сум што ќе имам нова шанса за докажување во Бетис, – изјави Роке.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни