Поврзете се со нас

Шпанија

Роке откри што му порачал судијата по првиот црвен картон во дресот на Барселона

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Витор Роке веќе постигна два гола за својот нов клуб Барселона, но на дуелот со Алавес заработи црвен картон кој му носи автоматска суспензија.

Роке доби два жолти и црвен картон, а одговорните не ја прифатија жалбата на Барса за поништување на картонот.

Бразилецот во интервју открил што мисли за жолтите картони, а открил и што му порачал главниот судија на теренот.

– Мислам дека посебно вториот жолт картон не беше фер и сега мора да ја отслужам казната.

– Не разбирам затоа што на секој начин се обидов да ја избегнам реакцијата на противничкиот играч, но тој почна да вика и судијата ми покажа картон. Судијата ми порача „овде не е како во Бразил“, а јас морав да го напуштам теренот, – истакнал Роке.

„Тигрињо“ нема да биде во конкуренција за дуелот против Гранада во недела.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни