Поврзете се со нас

Шпанија

Роке излезе со скромна изјава по првиот гол во дресот на Барса

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Витор Роке доста срамежливо се адаптира на новите услови во Барселона и на првите четири настапи немаше некој позначаен учинок, но затоа на петтиот го постигна првиот гол во новиот дрес.

Популарниот „Тигрињо“ повторно доби шанса како резерва и влезе во игра во второто полувреме, но една минута по стапнувањето на теренот, веднаш направи разлика.

Роке влезе во игра во 62-та минута на местото на Фермин, а во првата акција се најде на вистинско место во вистинско време и погоди за 1:0 по брилијантното додавање од Жоао Кансело.

Младиот Бразилец го скрши мразот и ова сигурно ќе му донесе големо олеснување, но и уште поголема самодоверба до крајот на сезоната.

– Многу сум среќен за мојот прв гол и за победата од 1:0. Центаршутот од Кансело беше извонреден, горд сум што постигнав гол пред нашите навивачи. Си го остварив сонот, тренерот Чави постојано зборува со мене и барам да бидам смирен. Ќе влегувам во игра малку по малку, ќе треба да си ги користам шансите. Треба напорно да работам секој ден и да ја користам шансата кога ќе влегувам во игра, – изјави Роке.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни