Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ројс со нетрпение го очекува финалето на ЛШ: Нема ништо подобро…

Објавено

на

foto: x.com/BlackYellow

Борусија Дортмунд дефинитивно ќе ја има улогата на предизвикувач во големото финале на Лигата на шампионите каде за ривал ќе го имаат Реал Мадрид, клубот со огромна историја во ова натпреварување, клубот со најмногу освоени пехари.

Меѓутоа финале е финале, еден натпревар и се е возможно особено на магичен стадион каков што е „Вембли“, стадион на кој ветеранот Марко Ројс ќе го има последниот меч во дресот на „милионерите“.

Тој се надева дека ќе добие шанса и дека на најдобар можен начин ќе ја заокружи приказната со Дортмунд.

-Би рекол дека нема ништо подобро од тоа да го играте последниот натпревар во финалето на Лигата на шампионите и да го освоите. Почнувајќи со финале во Лигата на шампионите на Вембли во 2013 година и завршувајќи со едно во 2024 година за вашиот последен натпревар, има и полоши начини да ја завршите кариерата во Дортмунд.

-Последното финале на Вембли беше пред 11 години и тоа е друг противник, различни играчи исто така, така што не се работи за одмазда, туку само за исчекување. Сега целта е да го освоиме трофејот бидејќи не можеме да замислиме како би можеле да бидат работите веќе следниот ден овде. Се работи само за следните 90 минути, можеби 120 минути, кои ќе одлучат, -порачува офанзивецот за официјалниот сајт на „УЕФА“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни