Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ројс: Се исклучивме само на две секунди…

Објавено

на

Тимот на Борусија Дортмунд беше на чекор од позитивен резултат на пресметката со Манчестер Сити во четвртфиналето на Лигата на шампионите, но погодокот на Фил Фоден во 90 минута ја направи разликата и премиерлигашот ќе го дочека реваншот со 2-1.

Токму тој гол и изданието на „Итихад“ му дава надеж на бундеслигашот дека може да го елиминира Сити иако во нивниот табор постои разочарување поради несреќниот пораз.

-Разочарани сме. Примивме гол пред самиот крај. Тоа не беше потребно. Се исклучивме само на две секунди и тие не казнија. Со тоа тие покажаа колку се добри. Ако го тргнеме тој гол, мислам дека одигравме исклучително добро, ама на крајот не бевме наградени со добар резултат, -истакна капитенот Марко Ројс кој со вчерашниот погодок стана најдобриот стрелец на Дортмунд во историјата на ЛШ.

Стоперот Матс Хумелс верува дека Дортмунд има капацитет и знаење да обезбеди место во полуфиналето.

-Имаме шанси. Ќе беше подобро да останеше 1: 1, но покажавме дека можеме. Вечерва создадовме многу можности. Треба да играме на ист начин и на реваншот. Ќе биде голем предизвик, -порача Хумелс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни