Поврзете се со нас

Свет

Ројс потпиша за поранешниот клуб на Ибрахимовиќ и Бекам

Објавено

на

foto:twitter.com/BlackYellow

Марко Ројс се збогуваше со Борусија Дортмунд по крајот на минатата сезона и тоа по 12 години минати на „Сигнал Идуна Парк“, период во кој освои трофеи во Купот и Супер Купот на Германија, а беше дел од екипите кои играа и во две финалиња на Лигата на шампионите во 2013 и 2024 година.

Сега офанзивецот се реши за сосема нов предизвик и за првпат во кариерата ќе игра надвор од татковината и тоа во Соединетите Американски Држави.

Тој денеска беше промовиран во МЛС составот Лос Анџелес Галакси, екипа за која во минатото имаат настапувано доста познати фудбалски имиња од кои дефинитивно најголеми се Дејвид Бекам и Златан Ибрахимовиќ.

Марко потпиша две ипол годишен договор до 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни