Поврзете се со нас

Германија

Ројс објави дека решил да не настапува на Европското првенство

Објавено

на

Марко Ројс нема да настапува за Германија на претстојното Европско првенство, а одлуката ја донел заедно со селекторот Јоаким Лев.

Во изјавата со која ги информираше фановите за својата одлука, членот на Борусија Дортмунд вели дека исцрпувачката сезона го натерала да размислува во оваа насока.

– По комплицираната, исцрпувачка и на крајот за среќе успешна сезона, заедно со селекторот решив да не настапувам на Европското првенство.

– Тешко ми беше да донесам ваква одлука затоа што секогаш е гордост да ја претставуваш својата земја. Но, по интензивните напори во сезоната со Борусија, решив да го одморам телото.

– Добро ќе ми дојде одморот, со цел да ја започнам следната сезона максимално подготвен. Им посакувам на Јоги (Лев) и колегите од националниот тим успешен настап и ќе бидам најголем навивач, – изјавил денеска Ројс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни