Поврзете се со нас

Германија

Ројс е оптимист: Имаме тим со кој можеме да го срушиме Баерн

Објавено

на

Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс е оптимист и верува дека тие како состав се подготвени да дојдат до тронот во германскиот фудбал во натпреварувачката 2021/2022.

Баерн Минхен веќе со години доминира во Бундеслигата, поточно го држи шампионскиот трофеј од кампањата 2012/2013 или поточно последниот клуб кој пред нив беше првак беа токму „милионерите“ од Дортмунд и тоа под водство на Јирген Клоп.

-Имаме состав со кој можеме да станеме германски шампиони, да го освоиме Купот и да напредуваме во Лигата на шампионите. Се мора да се спои, но потенцијалот е тука. Мора тоа да го покажеме во текот на  сезоната. Потребна ви е и среќа во одредени натпревари, за тоа работите со страст, со срце -тоа е она што навивачите сакаат да го видат, -вели Ројс кој даде краток коментар и за специфичниот стил на облекување на Ерлинг Халанд.

-Мора да разговарате со него за тоа, ама мислам дека му одговара. Тој е едноставно добро момче. Ако продолжи да настапува вака, може да носи што сака – или ништо да не носи. Не ме интересира ниту едниот, ниту другиот начин, -порача Марко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни