Поврзете се со нас

Светски првенства

Рој Кин воодушевен од еден Англичанец: Тој е идната суперѕвезда, човек задолжен за магија!

Објавено

на

Хари Кејн го доби МВП признанието од ФИФА за најдобар играч на осминафиналниот дуел меѓу Англија и Сенегал, но според најголем дел од британската јавност, таа награда требаше да замине во рацете на Џуд Белингем.

Младата ѕвезда на Борусија Дортмунд која има само 19 години игра без почит и без страв на ова Светско првенство, а можеби најголем комплимент за него е тоа што успеа да го воодушеви и човекот кој ретко дели комплименти.

Рој Кин не штедеше пофалби за играта на Белингем, играч кој асистираше за водечкиот гол на Англија и кој ја започна акцијата и направи најголем дел од работата за водство од 2:0 во првиот дел.

– Кога е малку тесно на ваков меч, потребно е играч за врска да истрча и да направи мала магија. Белигем е задолжен за магија, брилијантно момче. Ова е она што го барате од еден играч заврска. Силен, моќен, добра антиципација, го реши мечот.

– Тој ќе биде идната суперѕвезда, тоа дете има дарба. Ќе продолжиме да велиме дека изгледа многу зрело, но навистина се однесува како да има 100 настапи за Англија, – изјави Рој Кин, а на Твитер се јави и Гери Линекер.

– Боже мој, Џуд Белингем е неверојатно добар. Тој е лидер на овој тим. Неговите родители мора да бидат горди. Го сакам….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни