Англија
Рој Кин со порака до Конте: Му го убивте погледот кој наликуваше на тигар, пуштете го детето да си оди!

Рој Кин беше задолжен да го коментира големото дерби меѓу Челси и Тотенхем на „Стемфорд Бриџ“, но покрај тоа што заклучи дека домаќинот бил за неколку класи подобар денеска, не пропушти да испрати порака до Антонио Конте и раководството на „петлите“.
Легендата на Манчестер Јунајтед не може да се помири со ситуацијата на еден од најдобрите играчи на Тотенхем до пред само две години, играчот кој беше и редовен репрезентативец со Англија во времето кога беше лидер на Тотенхем заедно со Хари Кејн.
Деле Али забележа драматичен пад по пристигнувањето на Мурињо и тоа продолжи со Нуно Санто и Конте, па поради тоа, Рој Кин смета дека е вистинско време тој да си оди, и ако може тоа да го направи до крајот на зимскиот преоден рок.
Играчот за врска беше надвор од протоколот за денешното дерби поради техничка одлука, а бидејќи има само 25 години, Кин потенцира дека тој нема време за губење.
– Детето го загуби погледот кој наликуваше на тигар и кога ќе се случи тоа, мора да го пуштите детето да си замине. Очигледно е дека времето на Али во Тотенхем е завршено, скршна од патот и се изгуби. Треба да бидат добри со детето и да го пуштат да си оди. Тоа е природата на фудбалот, – вели Кин.
-
Македонијапред 18 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Македонијапред 16 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Германијапред 23 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 21 час
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 6 часа
Интер не се откажува од Перишиќ: Ќе ја донесеме најдобрата одлука, сакаме да остане со нас
-
Македонијапред 18 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!
-
НБАпред 7 часа
Доктор Дончиќ и Далас го прегазија Феникс во мајсторката, Бостон му пресуди на шампионот (ВИДЕО)
-
Италијапред 7 часа
Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)