Поврзете се со нас

Англија

Рој Кин се нафрли кон еден фудбалер на Манчестер Јунајтед: Се чини дека не го сака фудбалот

Објавено

на

blank

Рој Кин беше стручен аналитичар на вчерашниот натпревар помеѓу Челси и Манчестер Јунајтед кој на крајот заврши без победник и без постигнати голови на двете страни.

На овој натпревар на клупата за резервни фудбалери остана Антони Марсијал кој е во многу лоша форма оваа сезона. Французинот не е ни блиску од формата која го красеше минатата сезона и се почесто се наоѓа на клупата за резервни фудбалери.

Рој Кин ја искористи приликта да каже жестоки зборови на адреса на напаѓачот кој изгледа тотално незаинтересирано на теренот.

– Се чини дека не го сака фудбалот. Тоа секогаш е за загрижување, тој едноставно не го сака фудбалот, -изјави Рој Кин во дебатата за Марсијал отворена на „Скај Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни