Поврзете се со нас

Англија

Рој Кин и Џејми Реднап во жестока расправа околу квалитетот на играчите на Тотенхем (Видео)

Објавено

на

Новинарите на „Скај Спортс“, Рој Кин и Џејми Реднап имаа жестока расправа во живо поврзана со квалитетот на фудбалерите на Тотенхем.

Пред натпреваротсо Барнли, поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и Нотингем Форест, Рој Кин истакна дека Тотенхем нема квалитетни играчи освен Сон и Кејн, а неговиот колега од спротивната страна, Џејми Реднап јавно го искажа неговото несогласување со Кин.

– Ги вадите Кејн и Сон од тимот и добивате просечен премиерлигашки клуб, -изјави Кин по што Реднап, кој е поранешен фудбалер на Тотенхем му се спротивстави.

– Не мислам дека е просечен тим, не, ниту составот не им е просечен. Тие се полни со интернационалци и сметам дека има многу квалитет во овој тим. Не мислам дека играат на максимумот, Жозе не го извадил најдоброто од тимот, но кога ќе ја видите последната четворка, Даер игра за Англија, Санчез за Колумбија…., -возврати Реднап.

Кин не чекаше многу и му посочи на Реднап дека Ерик Даер е виновен за примените голови на Тотенхем речиси секоја недела. Тука размената на спротивставени мислења не прекина, па и Реднап и Кин си разменија уште неколку зборови.

– Не верувам дека може да речеш дека ова не е силен тим. Има интернационалци на секое поле од играта. Има добри играчи во Тотенхем кои играат за своите репрезентации. Дали ти викаш дека Тоби Алдервилд кој игра за Белгија е лош играч?, -праша Реднап, на што Кин даде сосема искрен одговор дека другите клубови не би ни помислиле да купат играч од Тотенхем.

– Дали би влегол во некој од големите тимови? Манчестер Јунајтед нема да го донесе, Манчестер Сити нема ни да го погледне. Не сум сигурен ни дека Лестер би го зел, -заврши Кин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни