Поврзете се со нас

Свет

Рохо тргна да фрла ПП апарат во општата тепачка, Ерера излезе со урнебесна реакција (Видео)

Објавено

на

Бока Јуниорс претрпе елиминација во осминафиналето на Копа Либертадорес, но никој не зборува за конечниот резутлат од овој натпревар, од едноставна причина што по крајот на средбата настана невиден хаос на теренот и во подтрибинскиот простор.

Атлетико Минеиро се пласираше во наредната рунда откако излезе како победник во чудниот пенал рулет во кој прецизен беше само еден играч на Бока Јуниорс, но триумфот на Бразилците остана во сенка на она што се случи во продолжение.

Претставници на двата тима влегоа во жесток клинч, се разменуваа удари и се фрлаа различни предмети, а дел од играчите велгоа во клинч и тепачка со обезбедувањето и полицијата.

Хаос во Либертадорес: Бока елиминирана, фудбалерите во клинч со полицијата (Видео)

Лудите сцени од Јужна Америка најдобро ги отсликува моментот кога Маркос Рохо тргна да фрла со ПП апарат кон „непријателите“, па сега неговата луда замисла доби и урнебесна страна, бидејќи неговиот поранешен соиграч Андер Ерера излезе со оригинална објава на социјалните мрежи.

Инаку, Маркос Рохо беше единствениот прецизен пеналџија на Бока уште во воведната серија, по што следеа три промашувања и болна елиминација пред да настане невидена мешаница и општа тепачка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни