Поврзете се со нас

Атлетика

Рохас со спектакуларен скок до нов светски рекорд на СП во Белград (Видео)

Објавено

на

Јулимар Рохас постави нов светски рекорд во атлетската дисциплина трискок, остварувајќи го најважниот резултат на актуелното Светското првенство во сала, кое се одржува во Белград.

Атлетичарката од Венецуела денеска во шестата серија од финалето скокнала фантастични 15,74 метри, што е за 31 сантиметри подолг скок од досегашниот рекорд.

Рохас и севкупно го има најдобриот резултат, бидејќи светскиот рекорд на отворено изнесува 15,67 метри.

За тоа колку доминира Јужноамериканката во својата дисциплина, говори и фактот што освојувачката на сребрен медал, Украинката Марина Романчук скокнала еден метар пократко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни