Поврзете се со нас

Англија

Роџерс уште еднаш со коментар за интересот од Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Брендан Роџерс е меѓу менаџерите кои најмногу се поврзуваат со клупата на Манчестер Јунајтед.

Актуелниот стратег на Лестер, речиси сигурно ќе биде земен предвид доколку „ѓаволите“ не го решат тренерското прашање сега и го одложат истото за на лето кога полесно ќе може да преговараат и со зафатените тренери.

Уште еднаш на оваа тема коментар даде и самиот Роџерс, кој повторно го потврди ставот од претходниот пат, дека во моментов останува посветен на тимот на ЛЕстер.

– Останувам посветен на овој клуб и овој тим. Насочен сум кон работата со играчите кои ги имаме, а шпекулациите не ни минуваат низ мојот мозок. Почитувам што поставувате прашања, но во тие прашања не треба да се вметнува моето име, -изјави Роџерс.

По Роџерс коментар за тренерот даде и играчот на Лестер, Ајозе Перез кој потврди дека тренерот е фокусиран само на нивниот тим.

– Тој ни покажа дека е целосно фокусиран на нас. Не разимслува на ништо друго туку само на подобрување на нашиот тим, а со самото тоа и на играчите, -изјави Перез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни