Поврзете се со нас

Свет

Роџерс режираше циркус за фановите на „Хампден парк“ и го доби најсмешниот картон во кариерата (Видео)

Објавено

на

Селтик и Абердин имаат ист биланс и ист број на бодови во домашното првенство по десет одиграни кола, а најдобрите два тима во Шкотска во овој момент денеска ги одмерија силите и во Лига Купот.

За разлика од неодамнешниот натпревар во домашното првенство кој заврши 2:2, Селтик денеска целосно го разби Абердин во полуфиналето и го понижи со 6:0, но хајлајт на социјалните мрежи е падот кој го имаше Брендан Роџерс

Менаџерот на Селтик покажуваше одредена нервоза и при резултат 3:0 во првиот дел, па кога една топка дојде блиску до него, тој реши да ја шутне со цела сила.

Поради лизгавиот терен, поранешниот менаџер на Ливерпул заврши на земја, а видеото брзо стана вирален хит на Островот.

За својот потег, Роџерс доби и опомена и жолт картон од судијата, кој исто така слатко се насмеа на сцената која ја понуди Брендан.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни