Англија
Роџерс претрча 70 метри и постигна гол со кој ја продолжи мизеријата на Гвардиола (Видео)
Манчестер Сити игра во очајна форма и го претрпе деветтиот пораз на последните 12 натпревари во сите натпрварувања, а последниот неуспех пристигна на „Вила парк“ во Бирмингем.
Астон Вила ја продолжи агонијата на актуелниот шампион кој се наоѓа во историска резултатска криза, со тоа што мора да се нагласи дека тимот на Унаи Емери можеше да постигне најмалку четири или пет гола во мрежата на гостите.
Ортега со две бравурозни реакции спречи гол за Астон Вила уште во првата минута, но ако Дуран беше непрецизен во првата стопроцентна шанса, втората не ја пропушти и погоди за 1:0 по 16 минути игра.
Тилеманс мајсторски ја осмисли акцијата по која Роџерс беше несебичен и додаде до Дуран, а токму поранешниот играч на Мидлзброу беше задолжен за најубавиот момент во вториот дел.
Роџерс во една година покажа дека е големо засилување за тимот на Унаи Емери, но квалитетите посебно дојдоа до израз во 65-та минута кога претрча 70 метри, пред да остане мирен и да погоди за 2:0.
Продорот на офанзивниот фудбалер беше надополнет со добро движење на МекГин кој одигра двојно додавање, а погодокот за 2:0 се покажа како одлучувачки за потврда на победата.
Манчестер Сити во самиот финиш се погрижи за почесен гол преку Фоден, но тоа не можеше да спречи нов пораз за „граѓаните“ кои сега бројат девет на последните 12 меча.
Головите погледнете ги ТУКА
-
Светски првенства12 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија18 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија12 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства13 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Италија22 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија24 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Германија17 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)