Поврзете се со нас

Конференциска лига

Роџерс по поразот од Наполи: Не знам ништо за Конференциската лига

Објавено

на

Лестер загуби на гостувањето кај Наполи во последното коло од групната фаза на Лига Европа и сега ќе ги продолжи европските натпревари во плејофот за Конференциската лига.

Најмалку атрактивниот европски куп во првото издание сега е единствената опција за премиерлигашот за европски натпревари, а неговиот менаџер Брендан Роџерс признал дека воопшто не знае за какво натпреварување се работи.

– Мора да бидам искрен, не ни знам многу детали за ова натпреварување.

– Досега бев целосно фокусиран на Лига Европа и начинот како да се избориме за место во следната фаза.

– Со целосна почит кон овој куп, не сум сигурен за што се работи, но дефинитивно ќе знаеме повеќе наредниот период, – рекол Роџерс по поразот на средбата на која Елмас постигна два гола во победата со 3:2 за Наполи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни