Роџерс: Никој не очекуваше Лестер да биде при врвот…

brendan-rodgers

Составот на Лестер славеше над Астон Вила со 4-1 и постави нов клупски рекорд по бројот на остварени лигашки победи во низа или во случјот тоа беше осма во серија во Премиер лигата.

Со тоа „лисиците“ останаа единствен клуб на пристојна разлика од лидерот Ливерпул кој во моментов е осум чекори пред нив, односно сегашното бодовно салдо е 46/38. Меѓутоа без разлика на тоа се уште никој не го споменува Лестер како вистински кандидат за пехарот, а поради тоа е среќен менаџерот на овој тим Брендан Роџерс.

-Мислам дека никој не очекуваше да бидеме толку блиску до врвот. Откако Манчестер Јунајтед го Манчестер Сити, излезе наслов по мечот за тоа колку далеку е Манчестер Сити од Ливерпул. Го почитуваме тоа и само продолжуваме со нашата работа, започнуваме со обидот да играме и да ги подобриме нашите нивоа на изведба. Едноставно е природно – Манчестер Сити и Ливерпул се две неверојатни екипи во лигата и лани покажаа колку беа добри. За нас, знаеме дека постојано се обидуваме да се подобриме и гледаме да ја намалиме разликата. Ама денеска изгледавме како врвен тим, -истакна Роџерс.

Facebook Коментари