Поврзете се со нас

Македонија

Роџерс Мато e последното засилување за Брера Струмица

Објавено

на

foto: brerastrumica.com/

Составот на Академија Пандев Брера Струмица го престави последното засилување за вториот дел од оваа сезона, засилување кое доаѓа од Уганда.

Се работи за 20-годишниот Роџерс Мато, играч од офанзивата кој може да одговори на задачите на десната и лева крилна позиција. Тој во претходната сезона настапувал за  Кампала и турскиот состав Шанлиурфаспор, па иако имал доста понуди на маса тој се решил да дојде во Македонија, поточно да го избере проектот на Брера Холдинг.

Клубот од Струмица направи доста промени во тимот во изминатиов период, па останува да се види дали истите ќе донесат за подобри резултати почнувајќи од средбата со Силекс закажана за 18 февруари во Кратово.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни