Поврзете се со нас

Англија

Роџерс е веќе минато: Седум тренери кои можат да седнат на клупата на Лестер

Објавено

на

foto:www.flashscore.com.br/

Поранешниот англиски шампион Лестер реши да се откаже од менаџерот Брендан Роџерс по вчерашниот пораз од Кристал Палас.

„Лисиците“ имаа турбулетна сезона и со 25 бода се на претпоследната 19 позиција на табелата, па управата одлучи дека е време да се раздели со стратегот кој во минатото донесе доста радости на „Кинг Пауер се со цел да се спаси сезоната, да се направи обид да се спаси тимот од испаѓање во понизок ранг.

Кој ќе биде новиот менаџер на Лестер останува да се види, а „Мирор“ од нивни агол издои седум стратези кои би можеле да кажат да и да седнат на жешкото столче во овој момент.

Тоа е искусниот Рафаел Бенитез, потоа некогашниот тренер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер. На листата се уште Франк Лампард, Ралф Хасенхутл, Лусиен Фавр, Томас Франк и Андре Виљаш Боаш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни