Поврзете се со нас

Англија

Роџерс би се откажал од Фофана, но само ако Челси собори актуелен рекорд

Објавено

на

Лестер и неговиот менаџер Брендан Роџерс досега тврдеа дека не планираат да го продадат Весли Фофана, но англиските и француските медиуми тврдат дека премиерлигашот во позадина го променил ставот.

„Лисиците“ веќе одбија две богати понуди на Челси за францускиот дефанзивец, но тоа не значи дека се откажале од достапниот голем профит од Фофана.

Лестер испратил порака до агентите на Фофана дека ако Челси сака да го добие летово, ќе исплати 95 милиони евра, со што би го соборил светскиот рекорд за најскапо платен дефанзивец.

Фофана поради скршеница не играше во најголем дел од минатата сезона, но Томас Тухел и Челси се убедени дека се работи за голем потенцијал, кој може да остане долго во тимот.

Дефнзивецот се надева дека со соодветна минутажа во клуб како Челси, ќе може да се бори и за место во француската репрезентација за СП во Катар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни