Поврзете се со нас

Шпанија

Родриго со два атрактивни гола донесе три бода за „кралевите“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/brfootball

Реал Мадрид се избори за победа над Атлетик Билбао од 2-0 во средба во која во главна улога беше бразилскиот репрезентативец Родриго Гоеш.

Офанзивецот немаше постигнато гол во Примера од 10 февруари, но вечерва стави крај на таа серија и со два погодоци беше најзаслужен за 23. сезонски триумф на неговиот тим, триумф со кој Реал е чекор поблиску до пехарот во Примера.

Родриго го отвори резултатот во 8 минута и тоа откако испрати неодбранлив удар од околу 20 метри. Втората мајсторија дојде во 73 минута кога по топката од Белингем се ослободи од Вивиан и потоа ја затресе мрежата на баскијците.

Со 75 бода Реал е лидер на табелата со осум бода повеќе од Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни