Лига на шампиони
Родриго призна дека тој и соиграчите останале изненадени: Не сме навикнати на ваков пристап од Атлетико

Реал Мадрид успеа да се избори за минимална победа од 2:1 и да стекне предност во двомечот со Атлетико пред пресметката на „Метрополитано“, но генералниот впечаток е дека тимот на Карло Анчелоти не беше ниту одблиску разигран и полетен како што тоа беше случај со Манчестер Сити.
Цврстиот бедем на Атлетико Мадрид отсекогаш му создавал проблеми на Реал, но изминатава вечер гледавме еден поинаков Атлетико, кој интересно првото полувреме го заврши со поголем посед на топка.
Ваквиот пристап од избраниците на Чоло Симеоне делуваало изненадувачки за ѕвездите на Реал, а тоа го призна и самиот Родриго кој беше избран за МВП во првото од двете мадрилењо дерби пресметки во осминафиналето.
– Секогаш е тешко против Атлетико, но овојпат малку не изненадија. Обично тие се оние кои секогаш чекаат назад и се бранат од нашите напади. Овојпат имаа повеќе посед на топка и морам да признаам дека не сме навикнати на ваков Атлетико. Бевме приморани да се браниме во еден дел од мечот.
– Добро е што постигнавме втор гол преку Брахим и можеме да бидеме задоволни од исходот. Знаеме дека не чека многу тежок меч на „Метрополитано“, но ако бидеме концентрирани и одговорни, ќе минеме во наредната рунда, – изјави Родриго.
-
Свет21 час
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Шпанија22 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Балкан9 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Англија19 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Италија21 час
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија17 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично