Поврзете се со нас

Свет

Родриго откри што доживеал по клинчот со Меси, Винисиус се јави за поддршка (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Големото јужноамериканско дерби меѓу Бразил и Аргентина најмалку ќе се памети по фудбалот кој го понудија двете репрезентации, бидејќи увертирата и текот на настанатите понудија безброј несекојдневни настани, кои тешко беа целосно испратени и од медиумите.

Тепачката меѓу аргентинските фанови и бразилската полиција го одбележа стартот на натпреварот и истиот започна со задоцнување, но во целото лудило се вмешаа и фудбалерите, кои не останаа рамнодушни на она што го видоа.

Лионел Меси како аргентински капитен им нареди на своите соиграчи да го напуштат теренот, Емилијано Мартинез тргна да се пресметува со полицијата, додека посебно внимание привлече и кличнот меѓу Лео и Родриго.

Меси имаше што да му каже на Родриго откако овој ги нарече аргентинските фудбалери кукавици, а лекцијата која му ја одржа негативно се рефлектирала врз имиџот на бразилскиот фудбалер.

Ѕвездата на Реал Мадрид обелодени дека неговите социјални мрежи биле бомбардирани со расистички навреди по клинчот со Меси и поразот од Аргентина, па неговата порака меѓу првите ја искоментира Винисиус.

– Расистите се секогаш на должност. Моите социјални мрежи беа нападнати со навреди и секакви глупости. Тоа е таму и сите можат да го видат! Ако не правиме што сакаат, ако не се однесуваме како што мислат дека треба, ако носиме нешто што им пречи, ако не ги наведнуваме главите кога ќе не нападнат, ако зафаќаме простори за кои веруваат дека се само нивни, расистите преземаат акција со нивното криминално однесување. Нема да запреме!, – гласи пораката на Родриго.

– Нема да застанеме, – гласи пораката за поддршка која пристигна од Винисиус Жуниор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни