Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Родриго откри каква порака му испратил Модриќ на Салах по последниот судиски свиреж: Умрев од смеа (Видео)

Објавено

на

Реал Мадрид по 14-ти пат во својта историја стигна од титулата во Лигата на шампионите, а иако неколку играчи на „кралскиот клуб“ го прокнижија петтиот трофеј, истиот го славеа како да е прв.

Тука пред се станува збор за Лука Модриќ, Тони Крос, Марсело, Бензема, Касемиро и Бејл, но имаше и такви кои за првпат стигнаа до вакво достигнување во кариерите.

Бразилецот Родриго беше херој за Реал во лудото полуфинале со Манчестер Сити со своите два гола на „Бернабеу“, а сега во еден подкаст во родната земја, откри зошто се смеел по последниот судиски свиреж во финалето во Париз.

Мохамед Салах се закануваше дека оди на одмазда во финалето и дека има нерасчистени сметки со „кралевите“, па поради тоа, Модриќ имал подготвено порака за него по крајот на мечот.

– Имам да ви раскажам една интересна приказна по финалето. Играчите на Ливерпул беа потиштени, поминуваа покрај нас, а Модриќ беше наш предводник. Го поздрави Салах и му рече „добро е, пробај пак следниот пат“…. Умрев од смеа, – открива Родриго.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни