Поврзете се со нас

Шпанија

Родриго не се плаши од Мбапе: Тоа ќе биде среќен проблем за тренерот

Објавено

на

Родриго Гоеш со два погодоци одигра клучна улога во победата на Реал Мадрид над Атлетик Билбао во шпанската Примера.

Офанзивецот имаше одлична партија која ја круниса со две мајстории и со тоа испрати јасна порака дека се уште е важен дел од тимот.

Бразилецот е среќен поради ова издание, па запрашан за тоа дали доаѓањето на Килијан Мбапе може да биде проблем за него, тој даде јасен одговор:

-Мбапе во Реал? Мислам дека е блиску како што велат новинарите, ви верувам момци! Но, не знам што се случува. Ако дојде Мбапе, ќе ме седнат на клупа? Тоа ќе биде среќен проблем за менаџерот. Фокусиран сум само на Реал Мадрид, -порача Родриго.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни