Поврзете се со нас

Шпанија

Родриго ја промовираше својата нова прослава и во ЛШ, па го објасни значењето (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Родриго со два погодоци го трасираше патот кон нова победа за Реал Мадрид во Лигата на шампиони, но покрај блесокот во првото полувреме, Бразилецот привлече внимание и со својата прослава.

Од крајот на 2024-та година, Родриго повторува една иста реакција кога постигнува голови, а сега дочека новата прослава да ја промовира и во Лигата на шампиони.

Стрелецот на два гола против Салцбург беше расположен за давање изјави по триумфот од 5:1, па на присутните новинари им открил дека негова инспирација бил Џон Цена.

– Оваа прослава е инспирирана од Џон Цена, мојот идол од детството. Сите ми велеа дека треба да креирам прослава по која ќе бидам препознатлив, па сега се решив за оваа прослава, – изјави Родриго.

Опуштеното издание на Родриго доаѓа после најдобриот период за него од стартот на сезоната, бидејќи напаѓачот на Реал влезе во посакуван ритам и постигна пет голови на последните пет натпревари кои ги одигра за првиот тим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни