Поврзете се со нас

Шпанија

Родриго ги измести стоперите на Атлетико, Облак режираше нестварна одбрана во полуфиналето (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atleti

Иако поминаа само десет дена во новата 2024-та година, шпанската јавност почна да зборува за најдобра одбрана во ова ново поглавје поради нестварната реакцијата која ја имаше Јан Облак во Ријад.

Атлетико и Реал Мадрид понудија спектакуларно прво полувреме во полуфиналето и постигнаа по два гола во првите 45 минути, а голманот на „душекџиите“ спречи петти погодок.

Резултатот по воведниот дел е 2:2 и двата тима остануваат во игра за големото финале во шпанскиот Суперкуп, но без оглед на конечниот исход, потегот на мечот веќе го има Јан Облак.

Родриго го измести двајцата стопери на Атлетико и се доведе во ситуација да постигне гол, но кога сите ја видоа топката во мрежата, Облак режираше чудесна интервенција.

Словенецот успеа да интервенира со нога и ги фрли во неверица сите присутни на трибините, но и актерите кои беа на теренот и на клупата за резерви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни