Поврзете се со нас

Шпанија

Родриго: Еден играч не дозволува да има его во соблекувалната на Реал

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид оствари неверојатни успеси во Европа во изминатите неколку години и стана апсолутно недопирлив тим кога е во прашање најелитното натпреварување на стариот континент, а тоа го докажа и оваа сезона со пласман во ново финале.

Иако имаше многу проблеми, тимот на Карло Анчелоти ги преброди потешкотиите и со сплотеност стигна до завршниот меч на „Вембли“, каде за противник ќе ја имаат Борусија Дортмунд.

Реал влегува како фаворит поради искуството и својата традиција во финалињата во Лига на шампиони, но во најавата за завршниот меч, Бразилецот Родриго излезе со една изјава која ги демантира сите оние гласини кои доаѓаат од надворешноста.

Тимот од шпанската престолнина секогаш важел за опркужување во кое има судир на големи ега, меѓутоа Родриго потенцира дека такво нешто не дозволува најискусниот играч во тимот.

– Его во соблекувалната на Реал? Не постои такво нешто, а тоа е така најмногу благодарение на Модриќ. Кога ние помладите гледаме како 38-годишен играч трча од корнерот до нашиот шеснаесетник без да размилува, како ние останатите да не го правиме тоа? Тој има пет титули во Лигата на шампиони и една „Златна топка“, па неговиот пример прави да нема его во соблекувалната на Реал, – потенцира Родриго кој има изградено специјален однос со Хрватот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни