Поврзете се со нас

Шпанија

Родриго блескаше, Белингем ја потврди победата на Реал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид замина на гостувањето во Кадис со голем број отсуства во првиот тим, но и покрај тоа, Карло Анчелоти беше убеден дека неговите фудбалери ќе одговорат онака какошто треба на теренот.

Италијанецот беше во право и Реал покажа дека има доволно добри ресурси и кога не играат фудбалери како Винисиус, Чуамени и Камавинга, а во вакви услови, најрасположен за игра беше Родриго.

Бразилецот влезе во голгетерска форма во последно време, а тоа го потврди и денеска со две соло мајстории со кои го донесе Реал во сигурно водство од 0:2.

Родриго лесно се ослободуваше од противниците и постигна два извонредни погодоци, но во листата на стрелците се запиша и повратникот во стартниот тим, Џуд Белингем.

Англичанецот стави печат на победата на Реал, тим кој сега го презема првото место на табелата во исчекување на натпреварот кој утре го игра Џирона против Атлетик Билбао.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни