Шпанија
Родриго: Анчелоти знае дека не сакам да играм како напаѓач, но го правам тоа за него

Родриго полека излегува од кризата која ја имаше на стартот на сезоната и тоа го потврди на дербито против Валенсија, на кое успеа да постигне два гола и да забележи две асистенции.
Бразилецот влегува во голгетерски ритам и тоа е позитивна вест за Карло Анчелоти и навивачите на Реал Мадрид, особено поради тоа што тимот покажа дека знае да дава голови и без Џуд Белингем во тимот.
Трите гола во мрежата на Брага и петте во мрежата на Валенсија се добар доказ за тоа, но и покрај се подоброто движење во завршната зона, Родриго уште еднаш нагласи дека не ужива да игра како „деветка“ во системот на Анчелоти.
– Вистина е дека бев опседнат со тоа што не постигнував голови, но полека се враќам во ритам. Не обвинував никого, тоа беше моја вина. Се адаптирав на нова позиција и се уште се приспособувам. Сега добив и малку повеќе слобода да се движам лево и десно. Тешко ми е да играм како „9-ка“, но тренерот верува дека можам да го правам тоа.
– Анчелоти знае дека не сакам да играм како напаѓач, но јас верувам во него и играм на таа позиција поради него. Тој е како татко за мене, секогаш ми помага и ми даваше поддршка на стартот на оваа сезона кога ми беше доста тешко, – изјави Родриго.
-
Англијапред 23 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 9 часа
Гвардиола имал „Ван Гал момент“ по голот на Кулушевски (Фото)
-
Англијапред 19 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Боречки спортовипред 21 час
Судија „заборави“ да прекине борба, УФЦ фановите шокирани од сцената во Остин (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Мурињо ја доби „војната“ со Берарди и Сасуоло и упати една уште една провокација до ривалот
-
Францијапред 24 часа
Луис Енрике: Јас сум одговорен за црвениот картон на Донарума
-
Англијапред 22 часа
Тен Хаг образложи зошто бесно викаше кон еден свој фудбалер: Тоа беше порака до целиот тим (Видео)