Родригез објасни зошто Бундеслигата му се допаѓа повеќе од Примера и порача: Не се враќам во Реал!

hames-nasmevka

Експедицијата на Баерн Минхен во овој момент се наоѓа во Доха каде ги одработува предвидените зимски подготовки за вториот дел од сезоната во Бундеслигата, а оттаму сега ни пристигна една интересна прес-конференција на Хамес Родригез кој обраќајќи се за присутните новинари направи една споредба на тоа што го доживеа во Реал Мадрид и ова сега во Германија.

Колумбискиот играч за врска посочи дека повеќе му се допаѓа Бундеслигата од Примера поради преполните стадиони и атмосферата меѓу фудбалските фанови, а од друга страна пак, јасно стави до знаење дека не планира да се врати во Реал Мадрид по завршувањето на двегодишната позајмица.

– Навистина многу ми се допаѓа Бундеслигата, дури и повеќе од Примера поради тоа што стадионите секогаш се полни и изгледаат прекрасно. Исто така има и многу добри тимови, според мене, Бундеслигата е натпрварување од највисок ранг, – порачал Родригез и додал.

– Мојата идеја е да останам во Баерн Минхен, сакам да останам тука уште многу години. Се чувствувам фантастично и многу сум среќен. Не размислувам за ништо друго освен на Баерн, не сакам да се вратам во Реал, – завршил Хамес.

Facebook Коментари