Родригез му даде страшен гол на Де Хеа, Барнли изрежира една од најтажните сцени на „Олд Трафорд“ (Видео)

barnli-1

Манчестер Јунајтед никако не може да крене глава во Премиер лигата, а верните фанови на овој фудбалски великан оваа вечер добија уште еден болен удар во пресметката со Барнли.

Она што требаше да претставува шок терапија по непосакуваниот дерби пораз од Ливерпул се претвори во вистински хорор, бидејќи Барнли направи да видиме една од најтажните сцени на „Олд Трафорд“ во поновата историја. Аутсајдерот победи со 0:2, но она што навистина остави голем впечаток беше тоа што навивачите на Манчестер Јунајтед за првпат изразија големо незадоволство, такашто ги напуштија трибините многу порано пред истекот на 90-те минути. Ова дефинитивно е ретко видена сцена на стадионот на кој играчите на Јунајтед секогаш добиваат максимална поддршка, но оваа вечер тоа изостана во завршницата откако фановите беа одново изневерени од нивните миленици.

old-ispraznet

Иако играчите на Солскјер имаа теренска иницијатива, сето тоа беше јалово, а Барнли успеа да постигна два гола, од кој еден беше вистинско ремек дело. Вуд погоди за 0:1 во првиот дел, а Џеј Родригез на стартот на второто полувреме постигна страшен гол во мрежата на Давид Де Хеа. Ова се случи во 56-та минута, а Јунајтед во продолжение не успеа да се избори ниту за почесен гол, што секако беше причинител плус да се испразни стадиното како ретко кога претходно.

Facebook Коментари