Поврзете се со нас

Свет

Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал

Објавено

на

Foto:twitter.com/olympiacosfc

Хамес Родригез бележи значителен пад веќе неколку години наназад и неговата кариера не се разви онака како што многумина планираа, па затоа и ден денеска негов хајлајт останува настапот на Светското првенство и трансферот во Реал Мадрид.

„Златната копачка“ од мундијалот во 2014-та година во овој момент игра во Сао Пауло, но иако деновите од Реал се дамнешно минато, тој се уште се навраќа на моментите кои ја одбележаа неговата кариера.

Родригез беше договорен од страна на Флорентино Перез уште за време на турнирот, а речиси десет години подоцна открива и со каква порака бил привлечен од страна на претседателот на „кралевите“.

Колумбиецот беше навистина актуелен во тој момент и имаше понуди и од други богати клубови, но Родригез открива дека пресудно за него било едноставното прашање кое му го поставил Флорентино.

– Во тоа време ме сакаа и ПСЖ и Сити и двата клуба имаа и подобри понуди од таа која ја достави Реал Мадрид. Но, јас на прво место ја ставив славата, не постои ништо во фудбалот како Реал Мадрид.

– Се сеќавам како ме убеди Флорентино Перез. Ми се јави и ми постави едно прашање: Сакаш слава или пари? Јас му одговорив дека сакам слава и тогаш ми возврати дека работата е решена, – открива Хамес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни