Англија
Родри за незаборавниот потег на Сити во Париз: Ковачиќ ми откри дека не доживеал такво нешто во Мадрид
Родри ја остава зад себе најуспешната година во својата кариера на индивидуално ниво, бидејќи покрај тоа што стана англиски шампион со Манчестер Сити и европски шампион со Шпанија, фантастичниот играч за врска ја доби и „Златната топка“.
После повеќе од шест децении, најпрестижното фудбалско признание заврши во рацете на еден Шпанец, а Родри открива дека забавата која му ја организирала Манчестер Сити како клуб по гала вечерта во Париз ќе ја памети до крајот на животот.
Родри стана првиот Шпанец по Луис Мирамонтес кој ја добил „Златната топка“ од далечната 1960-та година, па забавата била до толку луда, што Ковачиќ му се исповедал и му кажал дека не доживеал нешто слично во Реал Мадрид.
– Љубовта која ја добив по „Златната топка“ беше навистина брутална. Зборував за тоа и со Ковачиќ, играч кој имал за соиграчи фудбалери кои освојувале „Златна топка“. Доживеал многу такви забави во Мадрид, но ми кажа дека никогаш не доживеал нешто слично како прославата која ја организираше Манчестер Сити.
– Речиси никаде во светот не се добива треман како во Манчестер Сити, вечно ќе бидам благодарен за тоа што го направија, вечно ќе го паметам тоа, – открива Родри во интервјуто за „АС“, во кое обелоденува и од кој играч прв побара совет по тешката повреда на коленото.
– Зборував со Асенсио, тој имаше исто искуство и му поставив неколку прашања. Тој е од мојата генерација, му побарав совет за тоа како да се справував и навистина многу ме смири разговорот со него, – обелоденува Родри.
-
Англија19 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП13 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија12 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација15 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија12 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Македонија21 час
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија16 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…