Поврзете се со нас

Англија

Родри се закани со штрајк: Очигледно ќе немаме поинаков избор

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пренабиениот фудбалски календар одамна ги иритира главните актери на терените, а во последно време се почести се изјавите со кои фудбалерите ги напаѓаат одговорните поради постојаното зголемување на бројот на натпревари.

УЕФА и ФИФА изминатиов период наместо да го намалат, го зголемија бројот на натпревари и натпреварувања, па по последната изјава на Алисон, сличен став има и Родри од Манчестер Сити.

– Мислам дека сме блиску до генерален штрајк и не е тешко да се разбере зошто е така.

– Прашајте било кој фудбалер и секој ќе ви го каже истото, ако продолжи вака, ќе дојде момент кога ќе немаме поинаков избор. Тоа е нешто што многу загрижува.

– Некој треба да се погрижи за нас бидејќи сме главни актери во овој спорт, или бизнис како сакате наречето го. Не се работи само за пари и маркетинг, важни се и квалитетот и фудбалското шоу на теренот.

– Погледнете го Халанд и неговите перформанси, откако неговата репрезентација не играше на ЕП и можеше да одмори подолго. Тоа е најдобро објаснување за тоа што го бараме, мислам дека годишно може да се одиграат меѓу 45 и 50 натпревари, потоа нивото на фудбалерите опаѓа, – рекол Родри.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни