Поврзете се со нас

Европски првенства

Родри посебно изненаден од играчот кој имаше разочарувачки денови во Челси: Уживам да го гледам како трча на теренот

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Родри веќе неколку сезони наназад е клучен играч за Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, но многу брзо стана и одговорен за сите случувања во средниот ред како шпански репрезентативец.

Големата ѕвезда на англискиот шампион е лидер на новата генерација предводена од Луис Де ла Фуенте, а во ситуација кога е опколен од многу добри и талентирани играчи, реши да го избере оној кој најмногу го изненадил.

Марк Кукурелја игра сензационално добро и не личи на фудбалерот кој имаше разочарувачки денови во Челси, па затоа Родри вели дека е изненаден од нивото кое го прикажува.

– Ги знам сите играчи во репрезентацијата, но малку ме изненадува нивото кое го презентира Марк Кукурелја. Го познавав доволно добро, но нивото кое го нуди на вакво Европско првенство е нешто друго.

– Тој многу му помага на тимот, особено во дефанзивен план. Многу трча и покажува неверојатен карактер. Уживам да го гледам крај себе и се надевам дека така ќе продолжи, – вели Родри во интервјуто за „Кадена Копе“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни