Поврзете се со нас

Англија

Родри откри зошто ги игнорира социјалните мрежи: Најдобра одлука во мојот живот

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола го доведе Родри од шпанското првенство, а поранешниот фудбалер на Вилјареал и Атлетико Мадрид му возврати со одлични игри, претворајќи се во еден од најважните играчи на Манчестер Сити последните години.

Шпанскиот репрезентативец во последното интервју за „Лекип“ зборувал на интересни теми, а едно од поинтересните прашања било поврзано со неговото игнорирање на социјалните мрежи.

Скромниот Родри не вози скапи автомобили, но исто така не сака да се промовира преку социјалните мрежи и еден од ретките фудбалски ѕвезди без свој профил. За тоа има и интересно објаснување.

– Не се работи за возраста или постигнувањата, тоа е одлука донесена кога бев многу помлад, односно кога се појавија овие социјални мрежи.

– Уште тогаш решив дека сакам да го живеам животот на свој начин, според моите желби, без да бидам под влијание на другите.

– Според мене, основа на социјалните мрежи е да правиш нешто базирано на туѓите мислења, базирано на тоа што сметаш дека другите очекуваат од тебе. Јас не сум чувствувал потреба од такво нешто и можам да ви кажам дека сум презадоволен од одлуката која ја донесов одамна, – рекол Родри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни