Поврзете се со нас

Англија

Родри му се поклони на еден соиграч од Сити: Може да стане најдобар англиски играч во историјата

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Шпанецот Родри беше најдобар играч на Манчестер Сити во сезоната во која беше освоена историската триплета, но Пеп Гвардиола има до толку добар тим, што улогите често се менуваат од месец во месец.

Изминатата сезона најдобар во Манчестер Сити и воопшто во Премиер лигата беше Фил Фоуден, па откако го доби таквото признание и од своите колеги во елитата, дојде ред да биде пофален и од Родри.

Шпанскиот репрезентативец го пропушта стартот на сезоната поради повреда која ја влече од финалето на Европското првенство, но и без него во тимот, Сити забележа две победи на првите два меча.

– Пред да кажам било што за Фоден, сакам да му честитам за наградата која ја доби од колегите. Ако зборуваме искрено за него, тоа е едно тивко и повлечено момче, но според мене, тоа момче може да ја заврши кариерата како најдобар англиски играч во историјата.

– Секако дека се уште треба да напредува и да ја надоградува својата игра, но веќе е еден од најдобрите во Европа. Мислам дека има уште простор за напредок, може да биде уште подобар. Работи напорно секој ден и тоа е многу важно, но исто така, важно е што ги слуша и повозрасните како мене. Беше неверојатен минатата сезона и заслужено беше избран за најдобар во сите категории. Првпат го гледав како го носи тимот на свој грб и беше навистина неверојатно важен за нас, – вели Родри.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни