Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Родри: Ќе имаме огромен хендикеп против Реал Мадрид

Објавено

на

Враќањето на националните првенства во дадената ситуација ќе значи подготовка за она што ќе следи во месец август, односно забрзаното доигрување на најелитното натпреварување во Европа.

УЕФА веќе го одработи својот план Б за продолжување на сезоната во Лигата на шампионите, која треба да се рестартира со неколку недоиграни осминафинални дуели. Еден од нив е оној меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, пресметка која буди далеку најголемо внимание поради квалитетот на двата тима, но и поради битката на клупата меѓу стратези како Гвардиола и Зидан.

Сити го доби првиот меч во Мадрид со 1:2 и ќе го започне реваншот со предност, но Родриго смета дека ќе мора да го потврдат квалитетот и на вториот дуел во Манчестер.

– Не се плашам, ниту го потценувам Реал. Ги победивме 2:1, но станува збор за Реал Мадрид и ништо не е готово. Имаме подобар тим од нив и го докажавме тоа на првиот меч, но тоа е само еден чекор, треба да го направиме и другиот. Го респектираме ривалот, но ќе одиме на победа, – изјави Родри за „АС“ и додаде дека Сити ќе има голем хендикеп што ќе го игра мечот без поддршка од навивачите.

– Ќе биде голем чекор да се елиминира големиот Реал Мадрид, тимот кој освои три последователни титули во Лигата на шампоионите. Има и други моќни ривали, но тоа ќе биде прв крупен чекор. Останува реваншот, на кој ќе имаме огромен хендикеп. Нема да можеме да сметаме на нашите фанови, нешто на што можеа да сметаат нивните играчи на првиот меч, – потенцираше играчот за врска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни