Поврзете се со нас

Свет

Родри: Ќе биде неправедно за Чави и Иниеста, но јас веќе се чувствувам како победник на „Златната топка“

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Родри втора година по ред имаше неверојатна сезона и беше дел од сите најважни успеси на МАнчестер СИти, но за разлика од историската триплета пред една година, Шпанецот овојпат стана и европски шампион со својата репрезентација.

Играчот за врска беше клучен фактор во тимот на Шпанија и уште еднаш покажа дека прави најголема разлика во средниот ред во овој момент, па поради сите трофеи кои ги освои во текот на изминативе 9 месеци, важи и за главен фаворит за „Златната топка“.

Главни ривали се очекува да му бидат Винисиус Жуниор и Џуд Белингам, но букмејкерите се повеќе даваат шанси дека ќе го видиме и вториот Шпанец во историјата која ја освоил „Златната топка“ (еден и единствен досега е Луис Суарез во далечната 1960 година).

– За мене би било сон да ја освојам „Златната топка“. Многумина се прашуваат како можам јас да ја освојам кога не ја освоија играчи како Чави и Иниеста, и морам да кажам дека се согласувам со тоа мислење. Ќе биде неправда за нив, тие одбележаа една ера и беа едни од најдобрите во историјата. За жал, тие се натпреваруваа во ера во која доминираа Меси и Роналдо. Без оглед на се, би ми било голема чест да ја освојам „Златната топка“, тоа ќе биде голема вест за мене, но и за цела Шпанија.

– Досега сме имале само еден Шпанец со „Златна топка“, тоа е Луис Суарез пред многу децении. Не сум го гледал како игра, но вистинско изненадување е што земја како Шпанија добила толку малку признание во изборот за „Златна топка“. Шпанија заслужува многу повеќе, се надевам дека јас ќе бидам вториот.

– Без оглед на се, јас не сум опседнат со тоа, мене ми е доволно што ми даваат признание кога ќе ме застанат на улица. Фановите ми велат дека треба да ја освојам „Златната топка“, а тоа прави да се чувствувам како веќе да сум ја освоил. Јас веќе се чувствувам како победник, без разлика како ќе заврши изборот, – вели Родри.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни