Поврзете се со нас

Европски првенства

Родри: Франција не е Мбапе

Објавено

на

Шпанскиот играч за врска Родри ги искажа своите oчекување пред полуфиналниот натпревар против Франција на Европското првенство.

Родри оцени дека францускиот тим не е ограничен само на капитенот Килијан Мбапе, додавајќи дека репрезентацијата е една од најдобрите во последните години.

„Претпазлив сум за тоа што се зборува за него (Мбапе по неговата повреда). Го познавам, тој има способност да нападне во секој момент. Францускиот тим не се сведува само на него. Сите играчи се бранат одлично, тие се многу опасно во контра напади“, рече Родри.

Според него, Франција е селекцијата која одиграла најмногу финалиња, завршни фази на големи турнири во последните неколку години и која постигнала најмногу резултати.

“Тоа е екипа која е многу тешко да се победи. Ќе играме со наше оружје, ќе одиме во насока во која сакаме. Ќе одиме без страв, со сигурност, бидејќи покажавме дека можеме да го победиме секој противник”, изјави Родри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни