Поврзете се со нас

Свет

Родри: Ако некој сака да ми го награди трудот, тоа ќе биде добредојдено

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

„Златната топка“ е признание кое му се доделува на најдобриот играч во светот, но веќе подолго време во прв план се голгетерите и оние играчи кои прават разлика со постигнати погодоци.

Играчите кои напорна работат на теренот се помалку се вреднувани во европскиот и светскиот фудбал, па во моменти кога Џуд Белингам, Винисиус Жуниор и Килијан Мбапе се посочени како главни фаворити за најновата „Златна топка“, има и такви кои постојано го споменуваат името на Родри.

Шпанскиот репрезентативец можеби е најконстантен играч во последните две години, но засега не е ниту блиску до освојување на најпрестижното индивидуално признание.

– „Златната топка“. Знам дека некој ме споменува во дебатите, но јас не играм фудбал за тоа. Дел од луѓето во фудбалот сакаат оваа награда да стане и покомерцијална, да се доделува на повеќе луѓе.

– Мората е еден од оние кои ми велат дека јас треба да ја добијам „Златната топка“, но мене тоа не ме засега. Знам како функционираат работите во фудбалот, но ако некој дојде и еден ден посака да ми го награди трудот, тоа ќе биде добредојдено, – вели Родри кој е клучен за Манчестер Сити, но и Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни