Поврзете се со нас

АТП

Родик застана зад Медведев: Само идиоти можат тоа да го кажат

Објавено

на

foto:twitter.com/WeAreTennis

Данил Медведев е еден од најдобрите светски тенисери, играч кој постојано е при самиот врв игра финалиња, освојува титули, но и понатаму има луѓе кои доста го критикуваат.

Енди Родик многу добро знае што значи големата сцена и што значи да си прв, да си меѓу најдобрите, па имаше што да порача кога е во прашање рускиот ас.

-Тој е еден од најпотценетите играчи во историјата. Ќе кажам веднаш, тој е подобар од мене. Има околу дваесет титули. Освои многу мастерси, завршен мастерс, беше број еден, го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на грен слем, -рече Американецот кој во свој стил ги „поздрави“ оние кои сметаат дека Данил ќе остане на еден грен слем пехар.

-Играше во две последователни грен слем финалиња. Идиоти кои не знаат што зборуваат го нарекуваат „One Slam Wonder“, -истакна Енди.

Инаку Медведев има шест грен слем финалиња во досегашната кариера, ама славеше само во едно и тоа во 2021 година кога со 3-0 го разби Новак Ѓоковиќ на „Ју-Ес Опен“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни